
ДОБРЕДОЈДОВТЕ
на интернет страницата на агенцијата за АДМИНИСТРАЦИЈА
Ве покануваме на виртуелно патување во кое нудиме можност за добивање на многу податоци за законските надлежности, активностите и идните планови на Агенцијата. Целта ни е да ја зголемиме транспарентноста во нашето работење и да ја интензивираме комуникацијата, како со државните службеници, така и со сите заинтересирани од пошироката јавност... |
|
|
|
|
|
|
|
|
 | | Новости
|
Класификација на научно-истражувачки подрачја, полиња и области
Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според меѓународната фраскаева класификација, можете да ја погледнете тука (.pdf 1.34mb),
Истата е објавена во службен весник на Република Македонија број 103 од 30 јули 2010.г. |
|
Почитувани кандидати,
Поради појаснување на постапката за вработување на државни службеници, Агенцијата за администрација им овозможува на сите заинтересирани кандидати да се информираат за начинот и постапката на спроведување на испитот за државен службеник, со што изведувањето на овој дел од активностите на Комисијата за полагање на испитот за државен службеник би се одвивало поефикасно. Подолу во Упаството се наведени најчесто поставуваните прашања со нивните одговори од прашањата што можат да бидат поставени од страна на кандидатите кoи се заинтересирани да го положат испитот за државен службеник. |
Почитувани, согласно последните измени во Законот за државни службеници („Службен весник на РМ“ бр. 59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003,17/2004, 69/2004, 81/2005, 108/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6 |
 | Важно!!! |  |  | Почитувани,
Согласно Закон за изменување и дополнување на законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на РМ, бр. 167/2010) и Закон за изменување и дополнување на законот за државните службеници (Службен весник на РМ, бр. 167/2010), ве известуваме дека од 01.01.2011 година, Агенцијата за државни службеници продолжува да работи под името Агенција за администрација. |  |  |  |  |
 | Агенцијата за администрација ги врши следниве работи |  |  | Агенцијата за администрација ги врши следниве работи:
- дава писмена согласност на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места на органите на државната служба; - организира и спроведува постапка за селекција и вработување на државен службеник; - одлучува по жалби и приговори на државните службеници, како второстепен орган и - врши и други работи утврдени со закон.
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 167/2010), одреден дел од надлежностите кои заклучно со 31.12.2010 година ги вршеше Агенцијата за државни службеници, почнувајќи од 1.1.2011 година преминаа во надлежност на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и тоа:
- предлага донесување на Уредба за описот на звањата утврдени со ЗДС до Владата на РМ, - начинот на селектирање и вработување на државните службеници го пропишува Министерот на МИОА, - согласноста за превземање на на државен службеник од еден во друг орган на државната служба ја дава МИОА, - начинот на спроведувањето на пробната работа, полагањето на стручен испит и начинот на оценување на пробната работа го пропишува Министерот од МИОА, - ги собира извештаите за изречена дисцилинска и материјална одговорност на државен службеник, - Давање на мислење на годишните планови за обука, - поднесувањето на иницијативи до овластениот предлагач за донесување и изменување на Законот за државните службеници, - подготвувањето на подзаконски акти кои се однесуваат на државните службеници, а ги донесува Владата на Република Македонија, - донесувањето на подзаконски акти за кои е овластено со закон, - ги собира извештаите за оценување на државните службеници од органите на државната служба, - грижата за исполнување на обврските кои произлегуваат за органите на државната служба од Законот за државните службеници, кои се однесуваат на доставувањето на извештаи за оценување, годишни планови за соодветна и правична застапеност и програми за обука, - подготвување на стратешки документи поврзани со стручното усовршување и обуката на државните службеници, - организирањето и спроведувањето на генерички обуки за државните службеници, - водењето на Регистарот на државните службеници, - обезбедувањето на единствената примена на Закон за државните службеници и другите прописи што се однесуваат на државните службеници, - собирањето на годишните планови за соодветна и правична застапеност на заедниците во органите на државната служба, - пропишувањето на содржината на годишниот план за соодветна и правична застапеност на заедниците во органите на државната служба, - собирањето и обработката на податоците за вработените припадници на заедниците во органите на државната служба.
Воедно, работите кои ги вршеше Агенцијата за државни службеници како што се:
- согласност за вработување на државен службеник на систематизирано слободно работно место, истата се укинува при што за остварување на ново вработување во органите, таков вид на согласност повеќе не е потребна и - учествува во постапката за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност на државните службеници,
почнувајќи од 1.1.2011 година не се во надлежности на Агенцијата за администрација. |  |  |  |  |
Заради реализација на комплетната постапка за кој било јавен оглас, потребни Ви се следните документи:  | |
|
|
|
|
|
| |
 | | Корисни линкови |
http://prijava.aa.mk Агенцијата за администрација ве охрабрува да се пријавите on-line на отворените јавни огласи за вработување во државната служба.  |
|
|